Skip to main content

Младински Центар Охрид

Работилница за креирање Europass CV во Младински Центар Охрид

Работилницата е дел од серијата активности за поддршка на младите во градење на својата кариера.
 |  инфодеск  | 

Вчера во Младински Центар Охрид се одржа работилница за креирање Europass CV, која беше предводена од Марија Коваческа, меѓународно сертифициран кариерен советник.

Учесниците имаат можност да се запознаат со алатките што ги нуди платформата Europass и да изработат современа и професионална биографија според европски стандарди, информираат од Младински Центар.

Инаку, како што информираат од центарот работилницата е дел од серијата активности за поддршка на младите во градење на својата кариера.