На ФТУ се одржа Третата студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности
Вчера на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид се одржа Третата студентска конференција за економија и бизнис во услужните дејности (СЕРВЕКО).

Како што информираат од ФТУ Охрид конференцијата започна со обраќања од Деканот на ФТУ – Д-р Снежана Дичевска, раководителот на ЦНИР – Проф. Д-р Александар Трајков и претседателката на Факултетското студентско собрание – Сара Цветановска. Пленарното предавање на тема „Одржливост во услужниот сектор“ беше одржано од Доц. Д-р Бојан Србиноски.

-Студентите активно учествуваа со презентации на трудови од различни области поврзани со економијата и бизнисот во услужните дејности, велат од ФТУ Охрид.

Организаторите упатуваат благодарност до Општина Охрид за поддршката и помошта во реализацијата на овој настан.