Skip to main content

РЦСОО ,,Ванчо Питошески” им врачи спортска опрема на учениците Наум Стојаноски и Христијан Стојаноски членови на боксерскиот клуб ,,Алексо Огненовски”

Да всадиме доживотна посветеност на физичката активност и да ги промовираме вистинските вредности кај младите, порачуваат од РЦСОО ,,Ванчо Питошески”- Охрид.
 |  инфодеск  | 

РЦСОО ,,Ванчо Питошески”- Охрид го поттикнува и поддржува спортот кој е од голема важност за интеграцијата, еднаквоста и личниот развој.

Директорот Тони Андрески им врачи спортска опрема на учениците Наум Стојаноски од IV година и Христијан Стојаноски од II година, спортисти, членови на боксерскиот клуб ,,Алексо Огненовски”.

Овие наши ученици гордо стојат на пиедесталот на најдобрите во боксот, спорт кој го носи епитетот најтежок спорт на денешницата. Со голема љубов, труд и посветеност, тие освојуваат многу награди и признанија на меѓународни и државни натпревари. Им честитаме за постигнатите резултати, им посакуваме понатамошни успеси на рингот, но и искажуваме голема благодарност за нивната промоција на нашето училиште, истакна директорот Андрески.

Тој изрази надеж дека во новата учебна година ќе се запишат ученици кои и покрај љубовта кон угостителско- туристичкитa струка ќе покажат спортски дух.