Skip to main content

Злато за Кристијан Толески од ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ на натпреварот ROBOMAC JUNIOR 2025

Кристијан Толески освои златен медал во категоријата АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, Павел Иванов освои бронзен медал во категоријата ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА. Горазд Јованоски доби сертификат за учество.
 |  инфодеск  | 

Во периодот од 12 мај до 14 мај на Факултетот за електротехника и информациски технологии ФЕИТ во Скопје се одржа натпреварот во роботика, вештачка интелигенција и електроника за учениците од четврта година во средните училишта од Македонија – ROBOMAC Junior 2025. Главен организатор беше ФЕИТ и студентскиот огранок на IEEE.

Учениците од ОЕМУЦ Св. Наум Охридски, Охрид постигнаа одлични резултати.

Кристијан Толески освои златен медал во категоријата АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство.

Павел Иванов освои бронзен медал во категоријата ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА. Горазд Јованоски доби сертификат за учество.

Учениците беа под менторство на професорката м-р Сања Јованоска.

На натпреварот учествуваа 54 учесници од четврта година од над 20 средни училишта од Македонија, кои се натпреваруваа во две категории: АВТОНОМНА МОБИЛНА РОБОТИКА, организирана од Институтот за автоматика и системско инженерство и ПАМЕТНА ЕЛЕКТРОНИКА ЗА АВТОНОМНИ ВОЗИЛА, организирана од Институтот за електроника.

Освен натпреварувачките активности, се одржаа и неколку предавања на популарни теми од роботиката, вештачката интелигенција и електрониката