По вчерашниот повеќечасовен и неочекуван прекин на водоснабдувањето во поголемиот дел од Охрид, СДСМ Охрид со остра критика до раководството на ЈП Водовод. Тие бараат неотповиклива оставка од директорот на ЈП Водовов пред почетокот на летната сезона.
Нивната реакција ја соопштуваме во целост:
Афричка пролет во Охрид!
Хибернирајќи во директорската канцеларија, припиен во кожената фотеља, исклучен од реалноста на терен, после дебакалот во Пештани лани, сега цел Охрид 8 часа без вода во 21 век.
Додека цената на водата вртоглаво расте, неспособноста на директорот и целата локална власт го достигна врвот.
На секој чекор дефекти на улиците, граѓаните оставени сами да го решаваат проблемот со водата.
Бараме директорот на ЈП ,,Водовод” веднаш да си поднесе неотповиклива оставка поради неспособноста додека не започнала летната сезона во која секој ден ќе имаме проблеми со водоснабдувањето, а се покажа дека тој не умее да се справи.
Оваа локална власт Охрид го сака само на фејсбук, на дeла ја покажува својата безобразност и нехуман однос кон своите жители.
Дали неспособноста и декаденцијата се правиот начин за промоција на Охрид?