Skip to main content

евровизија 2025

Србија и Црна Гора не се пласираа во финалето на Евровизија

Утре ќе се одржи големото финале на Евровизија.
 |  инфодеск  | 

Минатата вечер се одржа втората полуфинална вечер на Евровизија. Литванија, Изрел, Ерменија, Данска, Австрија, Луксембург, Финска, Летонија, Малта и Грција се државите кои учествуваа на втората полуфинална вечер и се пласираа во финалето кое ќе се одржи утре. Србија и Црна Гора не се пласираа во финалето на Евровизија.

Словенија и Хрватска кои учествуваа во првата полуфинална вечер, исто така не успеаја да се квалификуваат за настап во финалето. Финалистите од првата вечер се Норвешка, Албанија, Шведска, Исланд, Холандија, Полска, Сан Марино, Естонија, Португалија и Украина. Швајцарија, Италија, Шпанија, Германија, Франција и Велика Британија веќе имаат свое место во финалната вечер.

Според обложувалниците, Шведска, која стигна до финалето во вторник, е убедлив фаворит во овогодинешното натпреварување. 69-тото издание на Евровизија се одржува во Базел, Швајцарија.