Skip to main content

Охриѓанец загина при изведување градежни работи во трговски центар

Увид на местото на настанот вршат јавен обвинител и полициски екипи.
 |  инфодеск  | 

На 16.05.2025 во 09.24 часот во СВР Охрид, од Итна медицинска помош Охрид е пријавено дека при изведување градежни работи во трговски центар во изградба во Охрид паднал и се повредил 58 годишен работник од Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Тој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо” во Охрид каде им подлегнал на повредите. Увид на местото на настанот вршат јавен обвинител и полициски екипи.