Криминалци и нуделе лажен нуклеарен материјал на Ал Каеда
Криминални банди повеќе пати и нуделе на терористичката организација Ал Каеда лажен нуклеарен материјал, што ја обесхрабри оваа терористичка мрежа да направи нуклеарна бомба, соопшти Белата куќа.
| | Свет
Ал каеда
Криминални банди повеќе пати и нуделе на терористичката организација Ал Каеда лажен нуклеарен материјал, што ја обесхрабри оваа терористичка мрежа да направи нуклеарна бомба, соопшти Белата куќа
– Имаше повеќе извештаи во последните осум-девет години за обидите да се дојде во сопственост на разни типови наводни материјали, изјави на прес-конференција советникот на американскиот претседател за антитероризам, Џон Бренан.
Тој на маргините на самитот за нуклеарна безбедност, кој започна во Вашингтон, додаде дека „постојат сознанија дека Ал Каеда е измамена повеќе пати“.
Бренан тврди дека постојат цврсти докази дека Ал Каеда меѓу своите врвни приоритети ги смета стекнувањето и сознанијата и материјалите за производство на атомска бомба.
Да се дојде во сопственост на такво оружје е крајната и најголема цел на Ал Каеда, која исто така сака да дојде и до други оружја за масовно уништување, додаде Бренан, признавајќи дека сите држави не ја делат американската загриженост.
{loadposition content9}