Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј-Охрид
Утре промоција на книгата „Охридска тврдина“ од Даница Размовска Бачевска
По повод Меѓународниот ден на музеите утре промоција на книгата „Охридска тврдина“ од Даница Размовска Бачевска.
По повод 18 мај – Меѓународен ден на музеите, утре ќе биде промовирана книгата „ОХРИДСКА ТВРДИНА – Монети на Римската Република, Римската империја и на нивните провинции (211г.п.н.е.-238г.н.е.)“ од авторот Даница Размовска Бачевска. Издавач на книгата е НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј – Охрид.
Промоцијата ќе се одржи утре, 18 мај во 12:00 часот во Меморијалната куќа на Христо Узунов.


