Skip to main content

Прогласени најуспешните жени-менаџери во Македонија, охриѓанката Елена Лотеска Наумовска од брод „Армада“ една од лауреатките

Агенцијата „Марили“, традиционално по 29-ти пат ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот.
 |  инфодеск  |  ,

Минатата вечер во „Панорамика Дизајн Хотел“ во Скопје се одржа манифестацијата „Избор на најуспешни жени менаџери“. Агенцијата „Марили“, традиционално по 29-ти пат ги награди најуспешните жени менаџери од земјава и регионот.

За лауреатки беа прогласени менаџерки кои оставиле длабок печат со својата работа и труд, а се препорачани од нивни колеги и соработници и доаѓаат од приватниот сектор од различни области и дејности. Меѓу нив беше и охриѓанката Елена Лотеска Наумовска, која инаку е генерален менаџер на бродот „Армада“.

Годинава, 13 менаџерки беа наградени и добија статуетка „Жена водилка“. Од нив 11 се од Република Македонија, една од Србија и една од Хрватска.

Вчера, Агенцијата „Марили“ го организираше и четвртиот регионален „Марили Бизнис Форум“, посветен на туризмот, кој го отвори Билјана Стефаноска, директорка на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, а специјално обраќање имаше и вицегувернерката на Народната банка, м-р Ана Митреска.