Драстично поскапување на дизелот од вечерва
Од полноќ малопродажната цена на дизелот се зголемува за половина денар по литар, додека цената на Еуросупер 95 за два денари по литар.
| инфодеск | Македонија
Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од полноќ се зголемува за 2,00 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) поскапува за 0,50, а Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) за 4,00 денари по литар.
Од полноќ на станиците за полнење ќе важат следните цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 75,50 ден/лит,
ЕУРОСУПЕР БС-98 77,50 ден/лит,
ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 67,00 ден/лит.