Skip to main content

Жито маркети го отвора својот 80-ти маркет – овој пат во Охрид!

Охриѓани го добиваат првиот Жито маркет. Свеченото отворање е на 28-ми мај (среда) во 12 часот. Посетителите ќе имаат можност да уживаат во: промоции и дегустации на домашни и странски производи, специјални промоции и попусти, пријатни изненадувања подготвени со љубов за купувачите.
 |  инфодеск  | 

Со голема чест и задоволство Жито маркети Ви најавува уште едно значајно проширување на нивното семејство – Жито маркети го отвора својот 80-ти маркет во Македонија, и тоа во прекрасниот град Охрид! Свеченото отворање е на 28-ми мај (среда) во 14:30 часот.

Новата продавница во Охрид е дел од Охрид Mall, дизајнирана според највисоки стандарди, со модерен изглед, пријатна атмосфера и широк асортиман на производи – од секојдневни намирници, свежо овошје и зеленчук, до домашни и увозни деликатеси.

-Ова јубилејно отворање не претставува само нова локација, туку и симбол на довербата што нашите купувачи ни ја укажуваат веќе долги години. Благодарение на вашата доверба, денес успешно функционираме со 80 маркети низ целата земја, и со задоволство можеме да кажеме дека секој маркет е дел од секојдневието на илјадници семејства, велат од компанијата Жито маркети.

По повод јубилејното отворање, на денот на свеченото отворање посетителите ќе имаат можност да уживаат во: промоции и дегустации на домашни и странски производи, специјални промоции и попусти, пријатни изненадувања подготвени со љубов за купувачите.

-Поканети сте сите заедно да го прославиме овој важен момент. Нашата мисија отсекогаш била да бидеме блиску до купувачите, со постојано добри цени, свежи производи и одлична услуга – и тоа нема да се промени, порачуваат од Жито маркети.

*ПР текст