Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Охридски комуналец: Секојдневно се соочуваме со мини-депонии на секој чекор, во секој дел од градот и урбана заедница
Во вонредна акција, од нови мапирани диви депонии во населби Даљан, ул. АСНОМ и ул. Галичица подигнати се 32 м3 кабаст и зелен отпад.
Од ЈП Охридски комуналец реагираат и дека покрај нивните заложби за чист и уреден Охрид, продолжува деградирачкиот однос на поединци.

-И покрај објавениот Календар на акции за кабаст и зелен отпад за 2025 год., секојдневно се соочуваме со мини-депонии на секој чекор, во секој дел од градот и урбана заедница, стои во нивното соопштение.


Од таму додаваат дека во вонредна акција, од нови мапирани диви депонии во населби Даљан, УЛ.АСНОМ и ул. Галичица подигнати се 32 м3 кабаст и зелен отпад.
