Skip to main content

Во Охрид се одржа 8. Меѓународна конференција на проценувачи

Експертите од оваа област дебатираа како инфлацијата, геополитичките немири и вештачката интелегенција влијаат врз проценувањето.
 |  инфодеск  | 

Инфлацијата, војните, немирите и вештачката интелегенција се клучните предизвици со кои се соочуваат проценувачите во земјава.   

Несигурноста на глобално ниво е уште еден голем предизвик кој влијае во светски рамки, а тоа воедно влијае и на нереалниот раст на цените на недвижностите. За да се добие што пореална вредност мора да се следат стандардите, и меѓународните и европските, но и да се преземаат искуства од поразвиените земји, порачаа експертите на денешната Конференција на проценувачи во Охрид.

-Во сите европски земји се високи цените. Ако ги погледнете цените на суровоте материјали особено после пандемијата и војната во Украина ќе се забележи дека пораснале многу. Сето тоа влијае на високите цени на недвижностите, вели Паоло Триндад претседателот на Европската комора на проценувачи.

-Развојот на вештачката интелегенција, геополитичкиоте нестабилсноти сето тоа предизвикува да имаме проблем при правењето на новите точни проценки со тоа што најголем недостаток е потребата и пристапот до  точни податоци, вели Ѓорѓе Спировски претдседател на Комората на проценувачи.

Примената на вештачката интелигенција може да помогне во процесот на процена, но потребно е внимателно користење.

-Се водам од една премиса дека вештачката интелигенција нема капацитет да го замени човекот, но луѓето кои ќе користат алатки полесно ќе се справат со предизвиците. Секак, тоа не е без предизвици и недоследности од употребата и етички стандарди. Ќе работиме еден етички стандард кој употребата ќе мора да го гарантира, рече Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски

Експертите од земјава и светот на 8-та Меѓународна конференција на проценувачи што деновиве се одржа во Охрид дебатираа за инфлацијата, геополитичките немири и вештачката интелегенција.

Новинар Соња Рилковска