Skip to main content

Лишен од слобода возач од струшко затоа што управувал возило под дејство на алкохол

Му биле измерени 1,56 промили алкохол во крвта. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава за „безобзирно управување со моторно возило”
 |  инфодеск  | 

На 21.05.2025 во 01.10 часот во с.Јанковец, ресенско, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Ресен го лишија од слобода М.Е.(35) од с.Радолишта, струшко.

-При сообраќајна контрола е сопрено патничко возило „ауди” со струшки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,56 промили алкохол во крвта. Тој е исклучен од сообраќај и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобзирно управување со моторно возило”, информираат од МВР.