Земјотрес со јачина од 6,1 степен според Рихтеровата скала изутринава ги погоди грчките острови Крит и Санторини во 6:19 часот наутро по локално време. Епицентарот бил на длабочина од 68 километри, околу 82 километри североисточно од главниот град на Крит, Хераклион. Од крајот на јануари, околу Санторини и соседните острови се регистрирани илјадници земјотреси.
До сега нема информации за повредени или материјална штета, но европските власти издадоа предупредување за можно цунами за делови од Грција, Турција, Италија, Франција и Португалија.