Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Температурите во Охрид денес ќе бидат во интервал од 11 до 24 степени Целзиусови.
Под влијание на влажен бран наредните денови времето ќе биде променливо облачно и посвежо со врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2), проследени со појава на грмежи и засилен северен ветер (над 70 km/h). Од вторник ќе има стабилизирање на времето и пораст на дневната температура.