Skip to main content

СВР Охрид

СВР Охрид: Кривична пријава за три лица кои набавиле кокаин за продажба на наркозависници

Од најновиот билтен на СВР Охрид.
 |  инфодеск  | 
Свр охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 35-годишно лице од Република Албанија, со привремен престој во Охрид и против 27-годишник од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Пријава заработи и уште едно лице за сторено кривично дело „овозможување на употреба на наркотични дроги“.

Пријавените набавиле кокаин за продажба на наркозависници, од кој дел е пронајден и одземен при контрола во патничко возило марка „Ауди“ со охридски регистарски ознаки, извршена на улицата „Васил Стефоски“ во Охрид, управувано од лице од Охрид, информираат од МВР.