Skip to main content

Вечерва традиционален концерт во црквата Св. Софија во чест на Св. Кирил и Методиј

Настанот ќе започне со воведна беседа за животот и делото на светите браќа, која ќе ја одржи проф. д-р Димитар Пандев. Потоа ќе следат музички настапи на ученици од ОМУ „Методи Патчев“, под уметничко раководство на м-р Даниел Чуркоски и Елица Рашкова. На крајот од програмата ќе настапи пијанистката Викторија Митеска-Малезан.
 |  инфодеск  | 

Свечена културна манифестација посветена на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј по 11-ти пат традиционално ќе се одржи во вечерва со почеток во 19:00 часот во црквата „Св. Софија“ во Охрид.

Настанот ќе започне со воведна беседа за животот и делото на светите браќа, која ќе ја одржи проф. д-р Димитар Пандев. Потоа ќе следат музички настапи на ученици од ОМУ „Методи Патчев“, под уметничко раководство на м-р Даниел Чуркоски и Елица Рашкова. На крајот од програмата ќе настапи пијанистката Викторија Митеска-Малезан.

Во рамки на вечерта ќе бидат изведени дела од композиторите Ј. С. Бах, П. И. Чајковски, Ф. Шопен, В. А. Моцарт, Д. Шостакович и други.

Настанот е поддржан од Охридско-Кичевската Епархија, Општина Охрид и НУ Охридско Лето. Влезот е слободен.