Skip to main content

УХМР

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд

Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени Целзиусови.
 |  инфодеск  | 

Променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови (над 25 l/m²). Ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 70 km/h), особено долж Повардарието.

Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 10 до 16 степени Целзиусови.

Од УХМР информираат дека утре ќе има преодно стабилизирање на времето и ќе продолжи да дува засилен северен ветер, особено долж Повардарието и во источните делови. Во деновите потоа времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд и грмежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст.