Денес во Струга промоција на книгата „Светило на врв планина“ – првото илустрирано житие за Св. Спаса Вишенска
Станува збор за книга за деца, првото илустрирано житие Света Спаса Вишенска, адаптирано за најмладите.
Денес со почеток во 17 часот, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде промовирана илустрирана книга за деца „Светило на врв планина“ кое е првото илустрирано житие за Света Спаса Вишенска, адаптирано за најмладите. Авторка на текстот е Јасмина Кантарџиева Димков, а илустрациите се дело на уметницата Викторија Попоска. Изданието содржи седум тематски поглавја, секое придружено со визуелни изрази кои ја оживуваат приказната за младите читатели.
Проектот е реализиран со поддршка од Министерството за култура на Република Северна Македонија.


