Во раните утрински часови во крајните источни региони ќе има слаб дожд. Преку денот времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен, долж Повардарието и во источните делови засилен ветер од северен правец (над 70 km/h), информираат од УХМР.
Температурите во Охрид ќе бидат во интервал од 4 до 19 степени Целзиусови.