Африм Фидани е нов претседател на Врховен суд
Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховниот суд.
| инфодеск | Македонија
Судскиот совет денеска го избра врховниот судија Африм Фидани за претседател на Врховен суд на Република Северна Македонија. Судијата Беса Адеми која конкурираше за повторен мандат не доби мнозинство гласови од членовите на Судскиот совет.
Фидани доби осум гласа за и пет против и беше избран за претседател. Дел од членовите беа против и двајцата кандидати, но сепак Фидани го доби мнозинството.
Фидани е судија на Врховен суд од 2017 година. Согласно кратката биографија објавена на веб-страната на судот, по завршување на средно училиште и отслужување на воениот рок, во 1985 година Фидани се запишува на Правниот факултет на Приштинскиот универзитет.