ЈП „Градски Пазар“ издава локации за урбана опрема – фрижидери за продажба на сладолед
ЈП „Градски Пазар“ – Охрид издава простор – локација за поставување урбана опрема фрижидери за продажба на сладолед.
Локациите за поставување урбана oпpeмa-фрижидери за продажба на сладолед (вкупно 13 локации) се распоредени по должината на Кеј Македонија, на плоштад Крушевска Република и на патеката од Канал Студенчишта кон хотел Парк.
На секоја локација можат да се постават максимално по 2 (два) стандардни фрижидери, стандардна корпа за отпадоци и чадор за сонце,на простор со површина 4м2.
Локациите ќе се издаваат за времетраење од 01.06.2025 до 30.09.2025 година.
Графичките прикази со нумерички ознаки на урбаната опрема, заинтересираните субјекти можат да ги превземат од web страната на ЈП Градски Пазар Охрид, https://jpgradskipazarohrid.mk/ или секој работен ден од 07.00-15.00 часот во просториите на ЈП Градски Пазар Охрид.
Огласот можете да го најдете ТУКА.