Приведен охриѓанец кој управувал возило со брзина од 161 километри на час на автопатот Тетово-Скопје
На 25-ти мај 2025 година, во периодот од 17:20 до 18:45 часот, на магистралниот пат Тетово-Гостивар, на наплатна станица „Гостивар“ и на автопатот Тетово-Скопје, кај наплатна станица „Желино“, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово и Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Гостивар лишиле од слобода 55 годишно лице од Гостивар, 54 годишно лице од Охрид и 35 годишно лице од тетовското село Копачиндол.
– 55 годишното лице од Гостивар управувал патничко возило „Фоксваген пасат“ со гостиварски регистарски таблички со брзина од 174 километри на час на место каде максимално дозволена брзина е ограничена со 80 километри на час, 54 годишниот охриѓанец управувал патничко возило „Мерцедес“ со охридски регистарски таблички со брзина од 161 километри на час на место каде е дозволено 80 километри на час, додека 35 годишниот тетовчанец управувал патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки со брзина од 174 километри на час на место каде максималната брзина со сообраќаен знак е 100 километри на час. Во консултација со јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Тетово и Гостивар тие се задржани во полициска станица и по документирање на случаите ќе им бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик „безобѕирно управување со моторно возило“, информираат од МВР.
Фото: skopjeinfo.mk