Skip to main content

ЈП Градски Пазар Охрид

ЈП Градски Пазар Охрид го обновува „Мостот на желбите“

Во рамки на зафатите предвидено е освежување со нова боја, замена на оштетените даски и поставување на синџири, кои се карактеристичен дел од овој симболичен мост.
 |  инфодеск  | 

Од ЈП „Градски пазар“ – Охрид информираат дека во пресрет на летната туристичка сезона, започнаа активности за обновување на познатиот „Мост на желбите“. Во рамки на зафатите предвидено е освежување со нова боја, замена на оштетените даски и поставување на синџири, кои се карактеристичен дел од овој симболичен мост.

Со овие активности, ЈП „Градски пазар“ има за цел да придонесе за разубавување на урбаната средина и да понуди пријатна атмосфера за посетителите и туристите кои секое лето во голем број го посетуваат Охрид, информираат од претпријатието.

„Мостот на желбите“ е едно од омилените места за фотографирање и оставање симболични желби, а од претпријатието додаваат дека неговата реконструкција ќе ја зголеми неговата привлечност и оваа сезона.