Skip to main content

општина охрид

Висока турска делегација во работна посета на Општина Охрид

На средбата се сумираа и првите позитивни впечатоци и позитивниот бенефит по воведувањето на дирекната авио – линија, Истанбул – Охрид – Истанбул со четири летови неделно.
 |  инфодеск  | 

Висока турска делегација предводена од Амбасадорот на  Р. Турција во земјава  Н. Е. Фатих Улусој   и Почесниот конзул во Охрид Абдурахим Бајрактар беа во работна посета на Општина Охрид.

На средбата со градоначалникот Кирил Пецаков се разговараше за скапоцените ракописи, укази и останати пишувани документи и материјални блага од времето на турската империја кои се сопственост на видна турска фамилија од Охрид. Се разгледуваа можностите за изградба на објект со поставки каде што тие би биле изложени за пошироката јавност како интересна туристичка понуда.

Двете страни се сложија дека неопходна е реконструкција на централната зграда од ООУ „ Братство Единство“, проект кој требаше финансиски да биде поддржан од ТИКА , а Локалната власт по налог на градоначалникот веднаш ја среди потребната документација и одобрението за градба. На состанокот се најави и средба меѓу градските власти и претставници од ТИКА со цел да се забрза очекуваната реконструкција за која градоначалникот даде „зелено светло“.

На средбата се сумираа и првите позитивни впечатоци и позитивниот бенефит по воведувањето на дирекната авио – линија, Истанбул – Охрид – Истанбул со четири летови неделно.