Сончево со умерена облачност. Попладне во западните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.
Утре во западните делови, а во четврток на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Од петок следува период на претежно стабилно време со пораст на дневните температури, информираат од УХМР.
Денешните минимални температури во Охрид од 5, а максималните до 20 степени Целзиусови.