На 26-ти мај 2025 година, во 09:00 часот, пред угостителски објект лоциран на булеварот „Туристичка“ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со физички напад извршен од страна на едно лице врз 34-годишник, двајцата од Охрид.
– Тој се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во ЈЗУ „Општа болница“ во Охрид. По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид.