На 26-ти мај 2025 година, во 22:15 часот, на булеварот „Македонски просветители“ во Охрид, лишено е од слобода 50-годишно лице од селото Волино, Општина Дебрца.
– Тој претходно, на локален пат помеѓу селата Волино и Мороишта, пресретнал моторно возило во кое се превезувала 46-годишна жена од едно охридско село и физички ја нападнал. Против напаѓачот, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид