Во Охрид отворен досега најголем Жито маркет во регионот
Денеска во Охрид беше отворен новиот и досега најголем Жито маркет во регионот. Лоциран во склоп на Охрид Мол на површина од 770 квадратни метри, овој супермаркет претендира да стане прв избор за пазарување на граѓаните од охридско- струшкиот регион и гостите бидејќи е познат по тоа дека нуди повеќе вредност за секој потрошен денар, со постојана грижа за квалитетот и цените.

„ Овој месец отворивме три нови маркети и тоа во Струмица, Струга и денес во Охрид и креиравме 50 нови работни места, од раководни и административни позиции до работници во продажба, логистика и техничка поддршка. Наша цел е да отвориме можности , особено за младите, но и за сите што сакаат стабилност, професионален раст и вработување во динамична и иновативна организација. “ – изјави Даниела Липтов – директор за човечки ресурси „Жито Маркети“.

Жито маркет ги обединува сите категории производи во модерен продажен простор. Покрај богатата понуда на прехрамбени производи – свежо месо, топли пекарски производи, овошје и зеленчук, свежо печено пиле и широк асортиман на пијалоци – маркетот нуди и непрехрамбена понуда, меѓу кои облека, производи за домаќинство, па дури и мебел за двор.



Посебен акцент заслужува La Familia – специјализирана продавница за алкохолни пијалоци и уникатни подароци во состав на маркетот, каде љубителите на фина култура можат да уживаат во избор на ексклузивни ликери, врвни пури и елегантни подароци. Совршено место за сите што сакаат нешто поинакво, квалитетно и со стил.
– Она што го издвојува од останатите и е комплетно ново искуство на пазарување и високо ниво на професионалност на вработените. Секој вработен поминува низ обука за да обезбеди љубезна, брза и ефикасна услуга, подготвени да одговорат на потребите на купувачите и да им помогнат со насмевка, вели Даниела Липтов – директор за човечки ресурси на Жито Маркети.
–Воведуваме во моментов нови технологии на дигитални ценовници и само-наплатни каси со што го подобруваме искуството не само на потрошувачите, туку и на нашите вработени. Инвестираме во внатрешни тренинг програми и кариера за развој на лидерски потенцијал. Веруваме дека само со силен тим можеме да испорачаме квалитет кој го ветуваме на потрошувачите.,– вели Липтов.
Инаку, Жито маркетот во Охрид е 80-ти по ред во ланецот „Жито Маркети“ кој како бренд континуирано се рангира високо на македонскиот пазар, благодарение на долгогодишната доверба, квалитетната понуда и континуираната иновација.





