Актуелниот градоначалник Кирил Пецаков, кој ќе биде кандидат на владаечката ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Оштина Охрид, се заблагодари до неговите сограѓани кои му ја даваат поддршката, до претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, како и до членовите на извршниот комитет за довербата што ја доби синоќа да биде повторно кандидат за градоначалник на наредните локални избори.
–За мене тоа е голема чест, а во исто време претставува голема обврска и одговорност која повторно до крај ќе се трудам да ја оправдам, напиша Пецаков во неговата Фејсбук објава.
Тој ги напомена големите капитални проекти, меѓу кои:
- новата училишна зграда на ООУ „Кочо Рацин“;
- изградбата на спортската сала во Лескоец која е при крај,
- реконструирани комплетно неколку средни училишта,
- реконструкција со камен шкрилец на тротоарските површини во централното градско подрајчје и поставување на камена коцка на Булеварот „Македонски Просветители“;
- асфалтирани улици и краци од улици во места каде што се ветувале децении, а никогаш не се реализирале.
- изградени и реконструирани водоводни линии и канализациски мрежи;
- изградба на прочистителна станица во Трпејца.
Исто така, тој напомена дека ќе продолжи со изградба на плоштадот „Крушевска Република“, катната гаража, реконструкција на улици и краци од улици кои се од круцијално значење за Охрид, реконструкција и изградба на нови водоводини линии и канализациони мрежи во урбаните и руралните средини. Најави и изградба на нова линија за снабдување на вода на Охрид со што треба значително да се намалат трошоците на јавното претпријатие „Водовод“. Во најава е и нов парк кој треба да се изгради во близина на „Холандскиот парк“ и продолжување на реконструкцијата на улицата „7ми Ноември“, но и конструкција на нови улици во руралните средини кои ќе имаат за цел олеснување на движењето на локалните жители.