Skip to main content

Мнозинството во градскиот Совет повторно изгласа измени на Планот за вработување во општина Охрид за 2025 год

Вработувањата во општинската администрација секогаш се причина за дискусија од говорницата, па така опозицијата бараше објаснување зошто се предвидуваат нови работни места за пополнување пред избори, додека пак секретарот на општината уште еднаш со тврдење дека нема да има зголемување на бројот на вработени над она што го затекнале кога дојдоа на власт.
 |  Маја Савиќ  | 

На последната, 57-ма седница на Совет повторно од страна на мнозинството беа одобрени измени на годишниот план за вработување во општина Охрид за 2025 гдоина. Советниците од опозицијата реагираа на носењето на измените и побараа објаснување за оправданоста од нови вработувања, посебно пред локални избори кои треба да се одржат наесен.

Зошто се вршат повторно измени во планот за вработување и кое е оправданието на 252 вработени да барате нови 15 вработувања, а претходно наведов за тешката состојба во која се наоѓаат јавните претпријатија, дополнителните финансиски средства кои ги извојувате за нив, и навистина не знам зошто сега пред избори се прават измени на планот. Сигурна сум дека тие нови вработувања со 252 вработени не ви требаат.“ – кажа Живка Ангелоска, координаторка на СДСМ и коалицијата.

Секретарот на Општина Охрид, Александар Китески посочи дека не станува збор за 15 нови вработувања со измени на планот. Односно тие 15 работни позиции ги содржат и претходните 13 кои што биле предвидени и дополнување со само две работни места, објаснуваше Китески.

Првото е самостоен референт на административно техничка поддршка. Ова работно место беше во планот за 2024 година и во декември истата година беше отпочната постапка со јавен оглас. Но, таа постапка заврши по донесување на измените претходно што ги правевме и немаше кандидат кој ги исполнува условите. И тој оглас за тоа работно место не се реализира. Се стави сега, зошто траеше уште постапката и не можевме да го ставиме во претходните измени. По однос на второто работно место, раководител на Одделение за соработка со УНЕСКО даваме можност да може без разлика што е јавен оглас да се пријават и луѓе кои се вработени во Општина Охрид, не биле унапредени, а имаат положено испит за админитративно управување.“ – кажа Китески.

Точно е дека имаме 252 вработени, рече Китески, но посочи дека како нова локална власт пред 4 години затекнале 263. Инаку, локалната власт минатата година со нов акт за систематизација на работните места искажа намера за редуцирање на работните места во општинската администрација.