Македонското списание за популаризација и примена на науката и техниката „ЕМИТЕР“ објави дека нашиот сограѓанин, охриѓанецот Д-р Анис Сефиданис, кој инаку е професор на Факултетот за машинска интелигенција и роботика при Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ – Охрид, се стекна со официјален патент за својот пронајдок – „Паметен споменик“.
Во нивната статија наведено е дека паметниот споменик“ на Сефиданис на иновативен и еколошки начин ја обединува виртуелната реалност и вештачката интелигенција, создавајќи нов медиум за интеракција помеѓу луѓето и ВИ.
Д-р Анис Сефиданис е конструктор на два иновативни споменици: виртуелниот аватар на Григор Прличев, првиот македонски виртуелен споменик, и споменикот на иднината, промовиран по повод Денот на светите браќа Кирил и Методиј, симбол на синтезата меѓу технологијата и духовното наследство, како и хуманоидни роботи „Алшар” и „Алшар 2.0”.

Патентот е издаден од Заводот за индустриска сопственост и важи до 2044 година.