Кармен Бауцентар со успешен настан за професионалците од градежната индустрија
Успешен настан за професионалци во Кармен Бауцентар.

Во Кармен Бауцентар Охрид вчера и денес се одржува настан за професионалци од градежниот сектор. На настанот беа промовирани градежните брендови Бекамент, Цересит, Судал и Мапеи, а експерти и демонстратори ги претставија најновите производи и технологии во модерното градежништво.
Потрошувачите во текот на овие два дена уживаа попуст од 50% попуст на нивните производи. Настанот беше збогатен со бесплатни пијалоци и скара, а целата атмосфера беше надополнета со одлична музика и забава во живо од ДЈ Лео.








