Од ЈП „Билјанини Извори“ информираат дека продолжуваат со унапредување на спортската инфраструктура и дека успешно ја завршија реконструкцијата на дел од оградата и трибината на фудбалскиот терен со вештачка трева. Од претпријатието додаваат дека поставени се нови елементи за безбедност и комфор, а трибината е освежена со нови седишта и подобрена стабилност. Во претходниот период беше поставено и ново теренско осветлување, овозможувајќи квалитетни услови за натпревари и тренинзи и во вечерни часови.


– Со овие активности, продолжуваме со реализација на нашата мисија за создавање современи и функционални спортски простори, достапни за сите спортисти и граѓани на Охрид, велат од претпријатието.


