Skip to main content

На охридската ривиера има недостиг од  стотици работници во туристичкиот сектор

Готвачи, помошници во кујна, келнери и шанкери, се најбараниот кадар за сезонско вработување во Охрид. Како главниот туристички центар ќе гo задоволи дефицитот на кадар?
 |  инфодеск  | 

Според слободните проценки на брегот на Охридското Езеро, има недостиг од  стотици работници во туристичкиот сектор.   Огласите се преполни,  готвачи, шанкери, келнери и помошноци во кујна се најчестите позиции кои се нудат. Главна причина е заминувањето  на работа во Хрватска, каде што понудените плати се повеќекратно  повисоки од оние во земјава. Допопнително и тоа што поголемиот  дел од угостителските објекти  во Охрид нудат ангажман само за сезонско вработување.

„  За жал кај нас како и минатата година еве и оваа среднношколците не спасуваат. Секоја чест на тие млади луѓе но има дел од нив кои не се стручни да го работат тоа што го работат.Ние импровизираме и тоа се одразува врз туристичката услуга и тоа се гледа. Меѓутоа немаме избор, се надевам голем број луѓе кои се змаинати во странство да работат за подобра добивка ќе се подобрат усчвите и ќе се вратат.“- вели Челик Асим туристички работни.

Недостигот на стручен кадар и оваа сезона ќе го пополнуваат учениците средношколците од угостителското училиште, кои покрај праксата имаат можност и да заработат.

 Анкета со ученици од РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид“:

-Мојата струка е угостителски техничар, во овие три години се се учи и имаме многу добри условиз а вработување.

Практична настава ние имаме и во кујна. Добивам ангамани платени сме и во текот на праксата и рабоптодавачоите се  доста задоволни се договараме за понатамошна соработка.

Има многу деца што работат еве лично јас работам и учам за да можиш и да учиш и да работиш за нашите години е тоа супер, вели ученичка од трета година.

 Според експертите, потребна е стратегија за  задржување на стручниот кадар во земјава. Потребни се субвенции за трансформација на сезонското во трајно вработување во хотелско угостителскиот сектор..

Новинар Соња Рилковска