Врсничкото насилство зема замав.Само лани во Охрид и Струга биле регистрирани 47 вакви дела. Се јавува во сите форми, психолошко, физичко, и сајбер насилство. Исмејување, тепање, потсмев на социјалните мрежи.
Според експертите причините се намалената емпатија и ниската емоционалната интелегенција кај децата и адолесцентите.

– Нема доволна социјална емпатичка интеракција во одделението на ниво на училиште и падот на емпатијата или уште повеќе ерозија на емпатијата во овој институционален контекст навистина сите треба да бидеме одговорни почнувајки од менаџментот на сите вработени, вели професор д-р Љупчо Кеверески.

– Случени се 47 кривични прекршочни дела сторени од 29 малолетни лица. Во однос на прекршоците регистрирани се 34 извршители малолетни лица кои што сториле 24 прекршочни дела, вели Стефан Димоски претседател на ИПА.
Според психолозите булингот е присутен и во најрана возраст, а најмногу кај адолесцентите, најчеста жртва се повлечените и срамежливи деца.

-Шесто одделение уште со преминот од петто кон шесто со поголем број на наставници и менување на средината и на таа возраст 10… 11 години пробуваат ризици и колку може да бидат силни и да се покажат кон другите, вели Анастасија Настеска психолог.
Најважно во борбата со булингот е рано откривање и навремена реакција од страна на сите институции.
Новинар Соња Рилковска