Skip to main content

Денес и утре „Цветни балкони – Цветен Охрид“

Во рамки на акцијата „Цветни балкони – Цветен Охрид“ ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе.
 |  инфодеск  | 

Општина Охрид традиционално и годинава во рамки на одбележувањето на 5 – ти Јуни – Светскиот ден на животната средина, ќе го реализира проектот „Цветни балкони – Цветен Охрид“.

Во рамките на овој проект ќе бидат поделени 400 жардиниери со саксиско цвеќе на жителите кои живеат на следните улици:

  • Кеј „Македонија“
  • Ул. „Илинденска“
  • Ул.„Коста Абраш“
  • Ул.„Кузман Капидан“
  • Ул.„Христо Узунов“
  • Ул.„Климентов Универзитет“
  • Ул.„Нада Филева“
  • Ул.„Боро Шајн“
  • Ул.„Григор Прличев“
  • Ул.„Кочо Рацин“
  • Ул.„Св. Кирил и Методи“
  • Ул.„Браќа Миладиновци“
  • Ул.„Цар Самоил“
  • Ул„Методи Патче“
  • Ул.„Петар Чауле“
  • Ул.„Аргир Маринчев“
  • Ул„11-ти октомври“
  • Ул.„Димче Маленко“
  • Ул.„Бранко Шотра“
  • Ул. „Охридска архиепископија“

Граѓаните од гореспоменатите улици кои се заинтересирани за жардинери со цвеќе, истото ќе можат да го подигнат во расадникот на ЈП „Охридски Комуналец“ Охрид денес и утре од 9 до 13 часот, а со себе да носат копија од лични документи (лична карта или пасош) за идентификација од кои ќе биде видлива адресата на живеење.