Во понеделник, 9ти јуни, со почеток во 12 часот и 30 минути, во дворот на гимназијата „Св. Климент Охридски“ во Охрид, ќе се одржи Еко Пазар. Посетителите ќе имаат можност за купување од втора рака на стара и зачувана облека со што ќе ги поддржат училиштата во нивните обиди да ја подигнат свеста за текстилната индустрија, како втор загадувач на глобално ниво.
Собраните средства од пазарот и селектираните пластични шишиња ќе бидат донирани за настраданите во Кочани.
