Skip to main content

ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид

Гимназијалците го избраа првенецот на генерација

Митко Савев, ученик во IV-5, е првенец на генерација.
 |  инфодеск  | 

Од ОСУ “Св. Климент Охридски” – Охрид информираат дека традиционално и оваа година, според однапред утврдени критериуми, го одбраа својот првенец на генерацијата. Титулата „Првенец на генерација“ оваа година има чест да ја понесе Митко Савев, ученик во IV-5.

Помеѓу трите најдобри ученици на генерацијата, покрај првенецот, се и Софија Милевска од IV-7 и Теодора Трајческа од IV-4.

-Им честитаме и сме бескрајно горди на ваквите ученици за кои сме сигурни дека ги чека светла иднина. Браво Митко, браво Софија и Теодора, се вели во соопштението од охридската гимназија.