Skip to main content

СВР Охрид

Наредната недела тактичко-технички активности на „Бафало бич“

АРМ ќе реализира тактичко-технички активности кај плажата „Бафало бич“ и во Охридското Езеро.
 |  инфодеск  | 

Од СВР Охрид информираат дека оо периодот од 09 до 11 јуни 2025 година, од 10 до 16 часот, на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, припадници на Армијата на РСМ ќе реализираат тактичко-технички активности. Притоа, припадниците на Баталјонот за специјални сили, во водите на Охридското езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“ (Езерска полиција), се вели во соопштението.

Од СВР Охрид апелираат граѓаните да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан.