СВР Охрид
СВР Охрид: Акциска контрола во угостителски објекти, приведено 20 годишно лице по пријава на родител за семејно насилство
Од најновиот билтен на СВР Охрид.

Денеска (06.06.) во 00,10 часот од страна на полициски службеници од ПС ОН Охрид, по претходно изготвен план, спроведена е акциска контрола во угостителски објекти во врска со присуство на малолетници после 24,00 часот, при што во еден објект било констатирано присуство на 17 годишен малолетник од Охрид. Составен е записник за констатиран прекршок по член 21 од ЗППЈРМ.
Денеска (06.06.) во 03:00ч. полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 20 годишно лице од Охрид, а по претходна пријава од неговиот татко за семејно насилство во семејниот дом. Се работи за расчистување на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.







