Наредниот викенд, од 20 до 22 јуни ќе се одржи тридневен планински настан кој ќе вклучува проекции на планински филмови, планинарење, виа ферата, еко акција, музика, вкусна храна и добра дружба.
Настанот кој е во организација на АК Патагонија и Културолошката иницијатива 5 до 12,а во соработка со ЕХО Фестивал и НП Галичица, поддржано од PONT (Prespa Ohrid Nature Trust), ќе се реализира во планинска куќа „Спиридон“ во Националниот парк Галичица.
Организаторите најавуваат дека филмските проекции се бесплатни и дека целосната програма со филмови ќе биде објавена наскоро.
Крајниот рок за пријавување е 18 јуни до 15:00 часот, а сите заинтересирани можат да се пријават на следниот линк.
—————————————— АГЕНДА—————–
ПЕТОК / 20 ЈУНИ
19:00 | Пристигнување на посетителите во Планинска куќа Спиридон (самостојно или со организиран превоз)
19:30 | Вечерна проекција на планински филмови
САБОТА / 21 ЈУНИ
09:30 | Пристигнување на посетителите во Планинска куќа Спиридон (самостојно или со организиран превоз)
10:00 | Планинарска тура до врв Магаро
10:00 | Виа Ферата со симболична цена од 600 денари
целодневно | Забавни активности во дворот на планинарскиот дом, музика и дружба
19:30 | Вечерна проекција на филмови
НЕДЕЛА / 22 ЈУНИ
09:30 | Пристигнување на посетителите во Планинска куќа Спиридон (самостојно или со организиран превоз)ЕКО тура до врвот Лако Сигној
- Искачување од Спиридон
- Чистење на околината од отпад
- Музика на врвот, освежување и ужина (организирано од АК Патагонија)