мпц
Игуменот Георгиј едногласно избран за нов Митрополит на Дебарско-кичевската епархија
Наречението на новоизбраниот Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 12 јули 2025 година, на Петровден, во храмот „Св. Климент Охридски и Св. Пантелејмон“ на Плаошник, а епископската хиротонија и интронизацијата за Митрополит Дебарско-кичевски ќе се изврши на 13 јули 2025 година, на Павловден, во Соборниот храм на Охридските архиепископи „Св. Софија“ во Охрид.
Неговото Високопреподобие, игуменот Георгиј (Ѓорѓевски) на денешната седница на Светиот Архијерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија беше едногласно избран за нов митрополит Дебарско-кичевски, пренесе liturgija.mk.
Со денешната одлука, тој ја презема духовната и административната одговорност над една од најзначајните епархии на МПЦ-ОА, која опфаќа дел од западна Македонија, вклучително и Охрид и Кичево.
Изборот беше направен со просто мнозинство, но според информации од Синодот, сите 12 владици гласале „за“, што го прави изборот на Георгиј целосно консензуален.