Ј.П. ,,Охридски Комуналец” – Охрид
Вонредна акција за кабаст отпад во среда во Пештани
Отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад
Ј.П.„Охридски Kомуналец” на ден 18.06.2025 год.(среда) ќе организира вонредна акција за подигнување кабаст отпад (стар мебел, душеци, телевизори, шпорети, теписони и др.) од с.Пештани.
–Се молат граѓаните од с.Пештани доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најдоцна до 07.00 часот на 18.06.2025 година и претходно локацијата да ја пријават на дежурниот телефон 075-495-428, кој функционира секој ден во неделата во периодот 07.00 часот-21.00 часот, велат од ЈП Охридски Комуналец.
Од таму додаваат дека отпадот треба да е уредно оставен до контејнерите или на местата предвидени за подигнување комунален отпад.


