Skip to main content

православен календар

Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски

Православен календар: Спомен на Светиот свештеномаченик Доротеј, епископ Тирски.
 |  инфодеск  | 

Епископ Тирски, од времето на Диоклецијан, па сè до времето на Јулијан Отстапник, кога беше намачен и пострада за Православната Вера. На земјата живееше сто и седум години и откако Му угоди на Бога, во 361 година, се пресели во вечниот живот. Беше навистина многу учен маж. Напиша многубројни поучни дела на грчки и на латински. Особено се прочуени неговите грчко-латински „Синтагми“.