Skip to main content

Младински Центар Охрид

Летово Креативна летна школа за деца од 8 до 14 години во Младински Центар Охрид

Првата работилница ќе се одржи на 25 јуни 2025 година (среда) со почеток во 11:00 часот.
 |  инфодеск  | 

Младински Центар Охрид, преку Креативна Летна Школа под мотото „Креативни раце, весели срца!“ им нуди незаборавна, креативна и едукативна авантура на децата од 8 до 14 години.

Првата работилница ќе се одржи на 25 јуни 2025 година (среда) со почеток во 11:00 часот.

Децата ќе имаат можност да научат како да користат различни бои, материјали и техники во уметничко изразување, да креираат уметнички дела од рециклирани и природни материјал и да работат во тимови, спојувајќи идеи и развивајќи приказни преку креација.

Летото е платно, а ние ќе го исполниме со боја, креативност и радост! Дојди, создавај и остави свој уметнички отпечаток, велат организаторите.

Учеството е бесплатно, но местата се ограничени. Сите заинтересирани може да се пријават на линкот.