Во охридската библиотека одржана третата годишна средба на роднокрајни автори
НУ Библиотека „Григор Прличев“ од Охрид во рамките на проектот „Трета годишна средба на роднокрајни автори“ вчера го објави Алманахот „По стапките на Прличев“.
–Годинава одбележуваме 80 години од стандардизацијата на македонскиот јазик и 195 години од раѓањето на Прличев. И на овој начин го славиме нашиот убав и милозвучен македонски јазик, изјави носителот на проектот и уредникот на алманахот м-р Милчо Јованоски.

Во Алманахот се застапени стиховите и прозата од вкупно 34 автори, а книгата е доказ дека Охрид не е само град на историја, туку и на инспирација, на автори кои ја прелеваат љубовта кон родниот крај во поезија, проза и мисла.


Од Библиотеката информираат дека авторите застапени во алманахот ги читаа своите творби, а во дискусијата се слшнаа интересни предлози за идната соработка на роднокрајните автори со установата.