Skip to main content

православен календар

Маченички Калерија (Валерија), Кириакија и Марија во Кесарија Палестинска 

Православен календар: Спомен на Маченички Калерија (Валерија), Кириакија и Марија во Кесарија Палестинска.
 |  инфодеск  | 

Овие три маченички беа од Кесарија Палестинска. Кога беа прогонувани христијаните, тие се повлекоа од градот во една колиба и таму непресушно Му се молеа на Бога, постејќи и плачејќи, верата Христова да се спростре по целиот свет, а гонењето на Црквата да престане. Некој ги наклевети, па ги изведоа на суд. Беа мачени и убиени во 304 година. Така овие славни девици се украсија со невенливи маченички венци.